Македонија
14. March 2020 - 14:45

МНР формира координативно тело за помош на граѓаните кои се затекнати на граничните премини и аеродороми

Во рамките на Министерството за надворешни работи е формирано координативно тело за помош и поддршка на државјаните на Република Македонија кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација со коронавирусот (COVID-19).

МНР укажува дека сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација:
 
+389 75 273 732 (редовна линија, Viber и WhatsApp)
+389  75 446 647 (редовна линија)
+389 70 282 078 (редовна линија, Viber и WhatsApp)
Електронска пошта: globalsos@mfa.gov.mk

МНР еднаш апелира, врз основа на официјалните мерки и препораки, сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Македонија во овој период.