-->
-->
МНР домаќин на Министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан
-->
Министерството за надворешни работи на Република Македонија утре ќе биде домаќин на Министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан, на кој ќе присуствуваат и еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, италијанскиот државен потсекретар за надворешни работи Винченцо Амендола и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ.
Како што соопшти МНР, овој состанок претставува неформална средба на министрите за надворешни работи од балканските земји вклучени во тнр. „Берлински процес“. На состанокот ќе се разговараат прашања од областа на регионалната соработка во различни сегменти, но со посебен акцент на заедничките регионални предизвици, економскиот просперитет и меѓусебното поврзување, владеењето на правото и анти – корупцијата, во функција на интегрирање на сите Балкански земји во ЕУ.
Министрите за надворешни работи ќе одржат и заедничка сесија со министрите за енергетика, на која што ќе се дискутира за примената на одлуките од Парискиот самит и очекувањата од претстојниот Самит во Трст во рамките на тнр. „Берлински процес“.
На маргините на состанокот ќе бидат потпишани два договора помеѓу Европската комисија и меѓународните финансиски институции - Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Банкарскиот концерн KfW, во рамките на Програмата за регионална енергетска ефикасност (REEP Plus – Regional Energy Efficiency Programme ) и Фондот за зелен раст (GGF – Green for Growth Fund ), преку кои ќе се финансираат проекти што ќе се реализираат во регионот, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица