Македонија
11. December 2018 - 16:17

Мнозинството Грци се против ратификацијата на договорот од Преспа

Преспанскиот договор не е омилен  мегу грчките  грагани , а тоа најверојатно ќе се рефлектира и врз  неговата ратификација во парламентот во Атина, сметаат аналитичарите од соседството.   Тие очекуваат тесни и тензични резултати на гласањето , на кое одлучувачки ке биде секој глас

– Практично две третини или околу 65 проценти од грчките граѓани се против договорот и не верувам дека големо мнозинство во Парламентот ќе биде за негова поддршка. Доколку договорот биде ратификуван тоа ќе се случи со мало мнозинство од еден до два пратеника, а исто така, предизвик ќе претставува за Владата и опозицијата кои би биле повикани да го имплементираат договорот по одржувањето на наредните избори, изјави д-р Јанис Армаколас- шеф на истражувачка програма за Југоисточна Европа.

Грчките експерти  очекуваат  дека  доклку биде финалзииран Прсепанскиот догор  же биде  основа за подобрување на односите и сорбаотката мегу АТина и СКопје.

„Многу соработуваме на меѓународно и европско ниво, и на Западниот Балкан, но не многу на билатерално ниво бидејќи спорот за името го одложи тоа. По Преспанскиот договор ќе имаме уште поблиска соработка. Во НАТО ќе имаме подиректна соработка на билатерално ниво“, вели Панајот Паскалидис- истражувач за Југоисточна Европа.

Денешната дебата  во Скопје беше органзирана на тема правда и внатрешни работи како мерка за градење на доверба меѓу Македонија и Грција, а на неа учествуваа невладини преставници од двете старни