Свет
6. јуни 2016 - 8:49

Mнозинството Британци го поддржуваат напуштањето на ЕУ

Бројот на поддржувачите на излегување на Велика Британија од Европската Унија е за 4 процентни поени повисок од спротивниот табор – оние што сметаат дека не треба да се напушти, вели најновото истражување на јавното мислење на Ју-гов, порачано од утринската програма на телевизијата ИТВ, пренесува БТА.

Анкетата направена минатата седмица, покажува дека 45 отсто од Британците се изјасниле дека се за напуштање, а 41 отсто го сметаат спротивното.
 
Според едно друго истражување пак, направено последната седмица од мај, а објавено денеска од агенцијата ТНС (Компанија за глобално пазарно истражување), поддршката за Брегзит е 43 отсто, а 41 отсто - за останување во ЕУ. Разликата е во рамките на статистичка грешка на проучувањето, а16 проценти од анкетираните одговориле дека се уште не се зазеле став по прашањето.