Свет
12. May 2016 - 10:40

Мнозинството бразилски сенатори ќе гласаат за импичмент за претседателката Дилма Русеф

Мнозинството од бразилските сенатори денеска соопштија дека ќе го поддржат продолжувањето на процесот на изгласување импичмент на претседателката Дилма Русеф, информира ТАСС.

Во текот на изјаснувањето, што му претходи на конечното гласање, 41 сенатори во 81-члениот Горен дом на бразилскиот Парламент изјавија дека се за привремено отстранување од должноста на шефот на државата.