Мнозинство Црногорци го поддржуват влезот на земјата во НАТО
Мнозинство граѓани од Црна Гора го поддржуваат пристапувањето на земјата кон НАТО, изјави министерката за одбрана на Црна Гора Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ, јави ТАСС.
- Црна Гора е демократска држава, каде што се зема предвид она што го мисли народот, нашите граѓани, изјави Ѓуришиќ во говорот пред Атлантскиот совет во Вашингтон.
- Со големо задоволство морам да кажам, дека мнозинството граѓани на Црна Гора го поддржуваат членството во НАТО, посочи министерката и дополни, дека разликата меѓу приврзаниците и противниците на Алијансата е околу 10 проценти.
Црна Гора очекува да влезе во НАТО кон средината на 2017 година, изјави неодамна премиерот Мило Ѓукановиќ, откако неговата земја и НАТО потпишаа протокол за пристапување, и покрај загриженоста на Русија во врска со овој потег.
Црна Гора ќе биде третата земја од Западен Балкан, која ќе пристапи кон Алијансата, по Албанија и Хрватска.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето