Живот
17. March 2016 - 12:33

Многумина пробале, но не успеале - Можете ли да изброите колку девојки има на фотографијата?

Откако Тициана Вергара, швајцарски фотограф објавила интересна фотографија на својот Инстаграм профил, збунила многумина корисници на оваа друштвена мрежа. Речиси е невозможно да се изброи колку девојки има на оваа фотографија.
 
За само неколку дена, нејзината фотографија добила повеќе од 13 илјади позитивни импресии.
 
Иако тоа не било целта на нејзината објава, прашањето што си го поставија корисниците на Инстаграм е колку девојки реално има на фотографијата. Сите даваат различни одговори. Решението е едноставно, но треба добро да се фокусирате во тоа што го гледате пред себе.
 
Што мислите вие, колку девојки има?