Loading Video...
Свет
12. April 2021 - 12:40

Многу земји како во регионот така и во Европа од денеска ги намалуваат мерките преземени за заштита од Ковид-19

Многу земји како во регионот така и во Европа од денеска ги намалуваат мерките преземени за заштита од вирусот Ковид-19. Затворените и отворените трговски центри во Србија од денеска повторно отвораат. Останува на сила одлуката да се носат заштитни маски и на отворено.

Истовремено во Србија е регистриран еден од најинтересните начини на кои властите им се заблагодаруваат на здравствените работници ангажирани во ковид центрите. Имено 130 лица од вчера до 17 април ќе одат на бесплатен одмор во Хургада, во Египет, а целото патување е во организација на првиот човек на Јагодина, Драган Марковиќ Палма. За време на летот, патниците ги забавуваше и познатиот српски поп-фолк изведувач Џани.