Многу високи температури - Еве какво време не очекува утре
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло, во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 17 до 22 степени, а дневната од 30 до 40 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Утринската температура ќе достигне до 21 степен, а дневната температура до 38 степени.
До петок под влијание на многу топла воздушна маса, времето ќе биде претежно стабилно и многу топло. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9. Промена на временската состојба се очекува од сабота, кога ќе има зголемување на облачноста и локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува и засилен ветер, најпрво од југозападен, а во недела од северен правец.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење