Македонија
28. July 2017 - 18:43

Многу топло - Еве какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната од 30 до 37 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопјe ќе биде сончево и топло со слаба облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 35 степени.

За време на викендов како и во наредната седмица следува стабилно, сончево и се потопло време со постепен пораст на дневната температура. Најтопло време се очекува кон средината на следната работна недела кога дневната температура на воздухот ќе достигне до 40 степени. Во недела и понеделник попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд со грмежи.