Македонија
17. December 2017 - 14:24

Многу снег и температури над просекот - временска прогноза за наредните пет месеци

Утрово во Македонија е облачно со врнежи од дожд, главно со слаб интензитет. На планините над 1000 метри надморска височина има и врнежи од снег. Долж Повардарието дува слаб до умерен ветер од северен правец. Изутринава не се забележани минусни температури. Најстуденот било во Ѓуриште, Маврово, Крушево и Лазарополе каде се измерени 0 степени. Во Куманово 1, во Пожаране и во Крива Паланка 2, во Претор, Берово, Скопје Петровец и Тополчани 3 степени, во Скопје Зајчев Рид, Дебар, Штип, Прилеп и Тетово 4 степени, во Виница и Охрид 5 степени, во Битола и Демир Капија 6, во Струмица 7 и во Дојран и Гевгелија 8 степени.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнаа во Крива Паланка 23 литри на метар квадратен, 17 во Дебар, 16 во Скопје Зајчев Рид и Куманово, во Берово, Охрид и Лазарополе 12 литри на метар квадратен.

Според прогнозата на Рупубличкиот хидрометеоролошки завод на Србија, еве каква зима не очекува до април:

Декември - се очекува првиот снег низ градовите да падне токму во декември. Утрата во овој месец ќе бидат карактеристични со голем мраз. Средата температура ќе биде околу 5-6 степени.

Јануари - според прогнозата се очекува благ и сув месец. Сепак средната јануарска количина на наврнат снег ќе биде во границите на просекот. Средната максимална температура ќе биде над просекот.

Февруари во февруари прогнозирана е средна февруарска температура и количина на наврнат снег во границите на просекот. Температурите ќе се бидат на исто ниво или за еден степен повисоки од минатата година.

Март - во март ќе биде благо и суво, а средната максимална температура ќе биде над просечната, со вредности во просек повисоки за околу 0,6 степени во однос на просекот. Но, врнежите од снег не се изоставени овој месец, но количината ќе биде пониска за околу 5 милиметри од просечната.

Април - средната максимална температура на воздухот во април ќе биде над повеќегодишниот просек, со вредности за околу 0,6 степени повисоки од просечните. Во Скопје и пошироката околина максималната температура на воздухот во април ќе биде околу 19 степени Целзиусови.