Македонија
21. January 2023 - 16:39

Многу нејаснотии околу случајот на Христијан Пендиков - институциите не даваат јасни одговори

МНР и Здравство денеска без одговори. Кои институции и по кои основи издале дозволи секретарот на бугарскиот центар од Охрид да биде транспортиран во Софија.

Дали напанатиот Христијан Пендиков воопшто смеел да ја напушти државата не биле прашани ниту од јавното обвинителство, со оглед дека против Пендиков пред еден месец е поднесена кривична пријава за трговија со кокаин. Дали се прекршени процедурите обвинителствот ќе проверува дури во понеделник. Оттаму додаваат дека за овој конкретен случај биле превземени соодветни мерки.

- При разговор со обвинителите оштетениот Пендиков даде два искази кои сосема се разликуваат. Првиот пат тврдеше дека бил нападнат од три лица кои ги познава, додека при вториот рапит тврдеше дека бил нападнат од 1познато и две непознати лица. Несовпаѓања има и во дел од исказите на сведоците на инцидентот, но обвинителите ги обезбедија сите снимки со кои ќе се расчисти случајот, посочуваат од обвинителство.

Сепак извори од МВР потврдуваат дека покрај трите приведени лица, се трага и по уште едно лице, кое спред сведоците е исто така бугарски државјанин.

И додека истрагата е на самиот почеток и нејасно е што точно довело до инцидентот, министерот Османи веќе најави дека утре ќе го посети Пендиков во софиската болница заедно со неговиот бугарски колега

По вчерашните бурни реакции од бугарскиот државен врв денеска 100тина бугари излегоа на протест пред зградата на Евроската комисија во Софија. Демонстраните со пораки дека Пендиков е претепан само затоа што е бугарин, побараа Унијата итно да ги прекине преговорите со Македонија.

Конторверзниот европратеник Џамбаски пак оди и чекор понатаму. Вели дека ако бугарските институции не превземат чекори за заштита на Бугарите во Македонија, граѓаните ќе ја превземат работата во свои раце.

- Треба да се прави тоа што го правело историската ВМРО и ќе му дојде време и на тоа. Треба да се заштитат Бугарите во Македонија, не може да дозволиме да ги претепуваат затоа што се Бугари, вели тој.

Со зборовите „да живее бугарска Македонија“, Џамбаски го заврши и денешниот протест.

Секојдневните провокации се уште не поттикнаа реакција од македонското МНР. Се уште не е време Џамбаски да биде прогласен за персона нон грата беше вчерашниот одговор на министерот Османи.