Кошарка
7. December 2017 - 17:46

Многу кандидати за наследик на Тодоров на клупата на МЗТ Скопје

 
 
По вчерашниот пораз на шампионот МЗТ Скопје Аеродром од „лутиот„ градски ривал Работнички, тренерот на аеродромци Александар Тодоров најави повлекување од функцијата. 
 
По поразот Тодоров меѓу другото изјави - „ Ја преземам одговорноста за овој пораз. Утре ќе се знае повеќе околу тоа дали и понатаму ќе останам во МЗТ Скопје, за тоа не решавам сам туку има и други луѓе со кои треба да седнам и да се договориме што и како понатаму. Имав многу повеќе шанси од некои други тренери во клубот, но ги истрошивме сите кредити“.
 
За судбината на Тодоров попладнево треба да решава управниот одбор на клубот, но веќе во кошаркарските кругови почна да се лицитира со имињата на можните наследници на Тодоров на клупата на МЗТ Скопје. 
 
Во комбинација се неколку странци, но и двајца Македонци. Откао актуелниот селектор на Макеоднија, Јорданчо Давитков денеска потврди дека ја прекинува соработката со тимот на Банијас од Абу Даби, тој веќе се споменува за прв „пик“’ на аеродромци. За можен наследник се споменува и името на Саша Димитријевиќ, кој долги години е надвој од сениорската конкуренција, поради неговиот ангажман во школата на „Јуниор“ која престана со работа летово. 
 
Од странските имиња, одново во игра е Алеш Пипан кој веќе имаше две „авантури“ со МЗТ Скопје, како и хрватскиот стручњак Дамир Мулаомеровиќ, кој во минатата сезона ја предводеше загрепска Цибона.
 
Во комбинација е и поранешниот македонски селектор Јовица Арсиќ, кој ги предводеше црвено-жолтите на Евробаскетот во Полска 2009 година, како и неговиот сонародник Србинот, Жељко Лукајиќ. 
 
Во „Јане Сандански“време за размислување многу немаат, бидејќи веќе во недела аеродромци ги очекува важен меч во АБА лигата против Морнар, па затоа раководтвото на клубот ќе мора бргу да реши кој и дали ќе го замени Тодоров на кормилото на МЗТ Скопје.