Loading Video...
Фудбал
26. July 2018 - 16:49

Многу голови на фудбалскиот Интернационален куп на шампиони

Во САД се играат фудбалски натпревари од таканаречениот Интернационален куп на шампиони во кој настапуваат дури 18 екипи од ТОП 5-те европски фудбалски лиги.  
 
Најинтересен беше дуелот во Пасадена, каде Манчестер Јунајтед по подобро изведување на пенали дури со 10-9 го совлада Милан откако регуларниот дел заврши нерешено 1-1. 
 
Пенали се изведуваа и на мечот меѓу Бенфика и Борусија Дортмунд кој го доби португалскиот тим со 4-3, иако „милионерите“’ имаа и водство од 2-0.
 
Англиското дерби меѓу шампионот Манчестер Сити и Ливерпул, им пропадна на „црвените“ со 2-1, додека Јувентус со двата гола на Андреја Фавили   го победи минхенски Баерн. 
 
По два гола постигнаа Фернандо Љоренте и Лукас Моура во победата на Тотенхем со 4-1 над Рома, а во последниот меч одигран попладнево Атлетико Мадрид го победи Арсенал со 4-2 на пенали.