Бизнис
19. August 2016 - 9:38

ММФ: Застарувањето на населението претставува проблем за Грција

Населението во послабите држави од еврозоната, како Грција, Шпанија, Португалија и Италија, застарува и тие се исправени пред голем демографски проблем, покажува извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Како што пишува грчкиот весник „Имерисија“, Фондот е загрижен бидејќи застарувањето на населението во тие земји ќе се одрази на производоство нова работна сила, а тоа се случува во момент кога се исправени пред огромни финансиски долгови. 

Според податоците на ММФ, просечната возраст на европското население ќе се зголемува во следните 20 години, на сметка на што процентот на пензионери (над 65 години) ќе расте побрзо од оној на работниот потенцијал на возраст меѓу од 15 до 64 години.