Бизнис
25. May 2016 - 8:51

ММФ се согласи да утврди мерки за реструктурирање на грчкиот долг после програмата за помош

ММФ се согласи со предлогот на Еврогрупата да ги утврди конкретните среднорочни и долгорочни мерки за преструктурирање на грчкиот долг по завршувањето на програмата за помош за земјата во текот на јули 2018 година, пренесе ТАСС, повикувајќи се на членот на Советот на директори на ММФ, директорот на Европскиот оддел, Пол Томсен, кој учествува на заседанието на Еврогрупата за Грција.

Тој потврди дека има намера на Советот на директори да му препорача да донесе одлука за вклучување на Фондот во програмата за помош за Грција. Според него, сите земји пројавиле значителна еластичност.

ММФ се согласил да утврди конкретни среднорочни и долгорочни мерки за реструктурирање на државниот долг на Грција по завршувањето на програмата за помош за оваа земја, во јули 2018 година, откако досега инсистираше на претходно договарање на овие мерки.

-Тоа значи дека на нашиот Борд на директори ќе му дадеме препорака, рече Томсен, цитиран од ТАСС.