Бизнис
28. January 2020 - 16:30

ММФ: Растот на минималната плата без продуктивност може да придонесе за отпуштања и пораст на сиромаштијата

Зголемувањето на минималната плата, која не ја следи продуктивноста , може да доведе до  отпуштања на вработените  и пораст наместо пад на сиромаштијата. Меѓународниот монетарен фонд  со критики по скенирањето на македонската економија . Зголемувањето  на минималецот не е добро проектирана мерка. Нето минималната плата кумулативно во  последните две години е зголемена за 44%, а кога растот ја надминува  продуктивноста, дополнителните зголемувања може да и наштетат на конкурентноста.  Минималецот може да ја намали сиромоштијата  кај работниците со ниски примања, или кај 9% од вработените, но тоа нема да влијае да се намали вкупната сирoмаштија  во земјата. Напротив,може да се поттикне сивата економија и да се одвратат  работодавачите од отворањето  формални работни места, се наведува во извештајот. Од ММФ велат -  ако Владата ги зголеми платите и пензиите, а го замрзна прогресивниот данок, тогаш треба да се потруди да ја подобри наплатата на приходите во буџетот и да ги намали земјоделските субвенции.

За дополнителната заменик министерка за финансии од редовите на ВМРО ДПМНЕ ваквиот извештај е показател на уште еден владин  неуспех, каде корупцијата, ниските капитални инвестиции и непродуктивни трошења се се уште главни проблеми

Генерално извештајот на ММФ ги потврдува лошите и промашени економски политики и целокупната општествена состојба во Македонија. Моменталниот економски раст во голема мера е под влијание на успешните странски инвестиции во минатото, но не се генерираат нови инвестиции поради несигурната економска и даночна политика. Образовниот систем и капацитетите на нашите ученици се на најнискиот степен во регионот со што неминовно си ја уништуваме иднината на нашите деца и државата, рече дополнителната замник-министерка. Гордана  Димитриеска Кочоска.

Од министерството за финансии велат, дека покрај негативни во Извештајот има и позитивни критики – економијата влегла во период на солиден раст, кој годинава ќе забрза и ќе достигне  3,4%, реформите за справување со неформалниот сектор ќе ја подобрат бизинис климата  и ќе ги заштитат работниците. Пониските даноци , а повисоките плати и пензии, се очекува да бидат дополнителен, иако еднократен, сепак стимул за потрошувачката.

Банкарскиот сектор е  стабилен и  ликвиден, но Народната банка мора да ја зголеми финансиката безбедност и ако се влоши надворешното опкружување, да ја заостри  монетарната политика.