Бизнис
17. April 2018 - 20:32

ММФ прегнозира раст на македонската економија од 2,8% оваа година и дефицит од 1,8%

ММФ ја намали прогнозата за раст на македонската економија годинава. Проекцијата  од 3,2 отсто што ја објави фондот лани, сега ја постави на 2,8 %. За следната година пак проектиран е раст од 3 отсто а 2023 БДП ќе достигне 3,5 %.

Највисок раст во регионот од 4 отсто  е прогнозиран за Косово. На второ место е Бугарија која се очекува годинава да ја заврши со раст од 3,8 % додека Србија ќе финишира со 3,5 отсто.

Инфлацијата за годинава е проектирана на 1,8 отсто а дефицитот на тековната сметка 1,5 %.

Во најновиот извештај на ММФ и Светска банка објавен денеска на пролетните средби во Вашингтон се очекува зголемен раст од 3,9 отсто на светската економија годинава и следната .

-И покрај добрата краткорочна вест, долгорочните перспективи се повеќе отрезнувачки. Напредните популации со стареењето на економиите, стапките на забавување на работната сила и нискиот раст на продуктивноста најверојатно нема да ги повратат стапките на пораст по глава на жител што ги уживаа пред глобалната финансиска криза. Новите економии и економиите во развој претставуваат разновидна слика, а меѓу оние кои не се извозници на стоки, некои може да очекуваат долгорочни стапки на раст споредени со стапките пред кризата. Многу извозници на стоки нема да бидат толку среќни, сепак, и покрај извесно подобрување на изгледите за цените на производите. Овие земји ќе треба да ги диверзифицираат своите економии за да го поттикнат идниот раст и еластичност, изјави Обстфелд главниот економист во ММФ.

Монетарците  акцентираат дека тензиите во трговијата помеѓу главните економии и контра рестрикциите се опасност за довербата и може да го попречат глобалниот раст предвреме.

Од Владата пак годинава очекуваат да заврши со раст од 3,2 отсто. Оптимисти се дека проекцијата е остварлива и може и да се надмине. Голем удел за тоа ќе имаат мерките од планот за економски раст.