Свет
4. December 2021 - 8:34

ММФ планира да ја намали прогнозата за глобалниот раст поради новата мутација на вирусот

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) планира да ја намали прогнозата за светскиот раст поради новиот сој на коронавирусот – Омикрон кој се шири низ светот, изјави генералниот директор на институцијата Кристалина Георгиева.  

– Новиот сој на вирусот кој може многу брзо да се шири може да ја разниша довербата и во таа смисла веројатно ќе имаме ревизија под нашите проекции за глобален раст од октомври, изјави Георгиева.

Во октомври ММФ веќе ја намали прогнозата за раст на светскиот бруто домашен производ на 5,9 отсто, наспроти прогнозата од 6,0 отсто во јули, поради логистички проблеми и нерамномерна вакцинација.