Бизнис
11. October 2017 - 21:25

ММФ: Македонската економија годинава ќе порасне 2,5%

Меѓународниот Монетарен Фонд по втор пат ја намали прогнозата за раст на македонската економија.  Во најновиот извештај предвува пораст од 2,5%  оваа година. Првичните проценки беа дека БДП ќе порасне 3,9 отсто, процент кој беше корегиран надолу во априлскиот извештај на 3,2, за сега повторно да се намали.. Бројките се под просекот на  европските земји во развој, а во споредба со регионот само Босна и Херцеговина ќе има ист раст како Македонија. Во Србија и Црна Гора  економијата ќе порасне  3%, Хрватска 2,9, , Бугарија 3,6, Унгарија 3,2%, Романија 5,5, Албанија 3,7, додека Косово 3,5%. Во оваа група се и Полска  со раст од 3,8% и Турција со 5,1 раст.

Според очекувањата на ММФ, инфалцијата годинава ќе изнесува 3%, додека дефицитот на тековната сметка 2,3 отсто.

ММФ прогнозира дека наредноста година растот на економјиата во земјатава ќе изнесува 3,2 додека во 2019 та 3,8 отсто. За глобалната економија, ММФ предвидува пораст од 3,6% годинава.