Бизнис
5. October 2016 - 20:03

ММФ: Македонската економија годинава ќе ја заврши со раст од 2,2%, а наредната со 3,5%

Македонската економија годинава ќе ја заврши со раст од 2,2% ,а  за наредната  се прогнозира  3,5% раст. Меѓународниот Монетарен Фонд во најновиот есенски извештај  ги задржа непроменети  предвидувања од изминатиот период на нашата економија,. Но ги намали прогнозите за раст на САД и предупреди на сериозни последици за економиите од еврозоната со илзезот на Британија од Унијата.  ММф  ги задржа   прогнозите  за раст во  2017 та, но ги повика сите влади  да преземат акција против  заканите од одложениот економски раст и протекционизмот. Во извештајот се предвидува економијата на САД да порасне само 1,6%, што е значително намалување од пролетните јулски прогнози, кога се предвидуваше раст од 2,2%.   За земјите од еврозоната се прогнозира раст  од 1,7% .

Неизвесноста поврзана со Брегзит ќе го оптерети британскиот економски раст, ќе има влијание врз инвестициите, потрошувачката и недвижнините, предупредува ММФ во октомвриската прогноза.

Исто така ММФ  ги намали прогнозите за растот на обемот на светската економија и производството во развиените економии со аргументи дека се влошиле перспективите за богатите економии во текот на оваа година.

ММФ очекува падот на економијата во Русија и Бразил да заврши, враќајќи ги позитивните вредности на растот следната година односно до 1,1% и 0,5%.