Бизнис
13. November 2017 - 19:43

ММФ: Лошите кредити го кочат кредитирањето на банките во Западен Балкан

Лошите кредити го успорија кредитирањето на банките во Македонија и земјите од регионот, соопшти ММФ.

Овие економии мора да обезбедат правна рамка за решавање на овој проблем, реформи во судството и подобри закони за стечај и несолвентност нагласува фондот.

Поради слабиот судски систем банките се плашат дека нема да можат да ги наплатат долговите, се вели во последниот извештај. Ова ја загрозува и профитабилноста на банките.

Според податоците,  лани нивото на лоши кредити во земјава било 6,3 % од вкупниот пласман, во Србија 17 отсто, Албанија 18,3 а во Косово 4,9%. 

Сепак, ММФ е најголем оптимист за растот на економијата годинава. Во извештајот  ја ревидира прогнозата за економски раст на земјава од 3,2 на 1,9 отсто. Следната година предвидува раст од 3,2 а во 2019 3,4 %. Според извештајот земјава ќе ја заврши годинава со инфлација од 0,3 отсто а дефицитот ќе биде 2,3 % од БДП.

Невработеноста според фондот од годинешните 23,4 % во 2019 ќе се намали на 23 отсто.