ММФ инсистира на реструктуирање на грчкиот долг
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе инсистира на прашањето за реструктуирање на грчкиот долг, за кое смета дека не само што е неизбежно, туку е и услов за новиот договор за финансиска помош, јави дописникот на МИА од Атина.
Управниот директор на ММФ, Кристин Лагард изјави дека ММФ заклучил оти грчкиот долгот не е одржлив, затоа што може да достигне до 200 проценти од бруто домашниот производ.
Таа, исто така, рече дека во неколку наврати тврдела оти значително преструктуирање на долгот е неопходно за успех на која било програма за Грција.
Лагард нагласи дека програмата ќе бара реални фискални цели, кои ќе треба да се постигнат со јасни мерки идентификувани од самиот почеток и со структурни мерки кои ќе го ослободат потенцијалот на грчката економија, која е ограничена со пречки, заштитни мерки и давачки.
Ново на Сител
-
Погребна фирма во САД проневерила државна помош - не ги погребувала и кремирала телата
-
Да ѝ помогнеме на Моника Бојковска да оздрави
-
Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала
-
Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик
-
Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“
-
Градоначалник на скопска општина доби кривична за прекршување на Законот за заштита на деца
-
Грејната сезона продолжува поради временските услови
-
Османи: За предметот „Пациент“ на СЈО немаше обвинение, мојот противкандидат нема идеи во оваа изборна кампања