ММФ ги намали прогнозите за светската економија на раст од 3,7 отсто
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите прогнози за светската економија поради зголемувањето на каматните стапки и интензивирањето на тензиите во трговијата.
Според прогнозите на ММФ, светската економија ќе забележи раст од 3,7 отсто оваа година, исто како и претходната. Сепак, тоа е помалку од предвидувањата на ММФ објавени во јули.
Финансиската институција ги намали прогнозите за 19-те земји кои го користат еврото, како и за Латинска Америка, Блискиот Исток и Субсахарска Африка.
ММФ очекува економијата на САД годинава да забележи раст од 2,9 отсто, но да забави до раст од 2,5 отсто следната година, поради намалувањето на ефектот од неодамнешните намалувања на даноците и трговската војна со Кина.
ММФ ја намали прогнозата за еврозоната до раст од два проценти, наместо очекуваните 2,2 отсто, поради трговските тензии со САД и загриженоста во врска со Брегзит. Финансиската институција го намали проектираниот раст по вторпат оваа година. Во април, ММФ очекуваше раст од 2,4 отсто во еврозоната.
Прогнозата за Јужна Кореја е раст од 2,8 отсто, наместо досегашните три проценти раст на БДП во четвртата светска економија.
Ново на Сител
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата