Македонија
13. јуни 2019 - 16:23

ММА бара од Владата да го провери работењето на ММИ

Фрапирани од скандалозните одлуки на основниот и апелацискиот суд, членките на македонската медиумска асоцијација ја повикуваат владата да му посвети внимание на порблемот. Телевизиските куќи Алсат, Алфа, Канал 5, Сител и Телма реагираат поради според нив крајно незаконскиот начин на кој оваа асоцијација предводена од Бодан Арсовски се обидува да наплати големи суми од ТВ куќите нои од други правни субјекти од областа на угостителството, пшревозот, занаетлчиските услуги и слични дејности. 
 
- Ја повикуваме Владата сериозно да се позанимава со овој проблем, со проектот ММИ, особено поради фактот што еден од основачите е дел од советничкиот тим на Владата. Не би сакале ниту да помислиме на некаква непринципиелна спрега, пишуваат од ММА. 
 
Од асоцијацијата потсетуваат дека Министерството за култура во 2015 год. донесе решение за одземање на дозволата на ММИ, поради тоа што на недозволен начин, од прибраните средства наменети за изведувачите музичарите и продуцентите, Арсовски за себе и за својот тим задржал 81,5 %, наместо дозволените 15 %. ММИ иако биле обврзани не инсталирале софтвер за следење на емитуваните музички дела со што и на овој начин го прекршиле Законот за авторски и сродни права.
 
- Јавно ги прашуваме надлежните судски инстанци: Како е можно , во ситуација кога ММИ нема основ за тужба за присилна наплата на непознати средства од нашите компании, како е возможно дел од судиите да пресудат во корист на правниот субјект ММИ? Легитимититетот на управувањето на колективното здружение ММИ се црпи исклучиво од дадената дозвола од Министерството за култура, која тие ја немаат, па се прашуваме дали овие скандалозни одлуки на Основниот и Апелацискиот Суд ќе станат пракса во сите останати спорови? Како е возможно судот да прифаќа лажни докази приложени од страна на ММИ и притоа вистината да ја цени според такви докази?
Дали Основниот Суд и Апелацискиот Суд ќе ја надоместат штетата која ние како општествено одговорни компании ќе ги претрпиме?, прашуваат од ММА. 
 
Тие ги информирале и странските амбасади и претставништва, со цел како што велат предочување на очигледните криминали кои се случуваат во општеството и ги повикуваат сите останати правни субјекти во Македонија, кои се соочени со вакви непринципиелни и скандалозни судски решенија поврзани со ММИ, да се организираат во заеднички фронт, со цел борба против вакви сомнителни здруженија и непринципиелни судско-бизнис спреги. Најавуваат и кривична постапка за случајот.