Балкан
24. March 2019 - 14:07

Младоженецот запукал, свадбата прекината: Полицијата по пријава дојде на свадбена веселба во Ново Сад, ова го затекнаа

Свадба во новосадската населба Лиман 1 накратко е прекината околу 13 часот, зошто полицијата дошла по пријава за пукање.

Полицајците, дошле во улицата Драга Спасиќ, зошто граѓаните од тој дел пријавиле пукање.

Кога стигнале полицајците, младоженецот признал дека пукал од татковиот пиштол, во воздух, на својата свадбена веселба и го предал оружјето.

Свадбата продолжила, а момчето не е приведено. Против него ќе биде поднесена прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.