Македонија
4. August 2017 - 15:45

Младо момче тешко повредено во сообраќајка во Лешок

Дваесет и тригодишно момче од село Слатино се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајката на локалниот пат во село Лешок, Тетовско. 

Како што соопшти денеска МВР, сообраќајката се случила ноќеска, триесет минути по полноќ. А.С. (26) од село Слатино, управувајќи патничко возило „БМВ 530“ со скопски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво и ограда од куќата.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Џ.Г. (23) од село Слатино. Тој по укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Тетово бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.