-->
-->
Младо момче тешко повредено во сообраќајка во Лешок
-->
Дваесет и тригодишно момче од село Слатино се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајката на локалниот пат во село Лешок, Тетовско.
Како што соопшти денеска МВР, сообраќајката се случила ноќеска, триесет минути по полноќ. А.С. (26) од село Слатино, управувајќи патничко возило „БМВ 530“ со скопски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво и ограда од куќата.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Џ.Г. (23) од село Слатино. Тој по укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Тетово бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје за понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно