Македонија
4. March 2016 - 13:45

Младо момче се бори за живот на Ургентен, ноќеска прегазено во Скопје

Ноќеска во 00.30 часот во Скопје на ул. „Орце Николов“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило “Пежо 107“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т. (29) од Скопје, удрило во пешакот А.Н. (21) од Скопје. 

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“.

Истиот е задржан на „КАРИЛ“ и е во животна опасност. Увид извршила екипа од СВР-Скопје.