Македонија
13. јуни 2019 - 11:50

Младо момче повредено во сообраќајка во Охрид- итно пренесено на Клиника

Вчера во 15 часот и 15 минути на крстосницата од улиците „Владимир Полежановски“ и „Рајко Жинзифов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Хонда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 23- годишниот Д.П од Охрид и патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 68- годишниот Д.Тод Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Д.П. и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.