Македонија
27. April 2019 - 10:37

Младо момче повредено од огнено оружје - инцидент во скопска кафеана

Младо момче повредено од огнено оружје во кафеана во Скопје, повреденото лице веднаш било однесено во болницата „наум Охридски“. Како што стои во билтенот на МВР, вчера  во 16,25 часот од Градска општа болница „Наум Охридски“ била примена пријава за донесено лице со повреда од оружје, за кое подоцна е утврдено дека се работи за В.И. (21) од Скопје.

Повредениот бил донесен во Градска општа болница од страна на Е. М. (22) од Скопје, според чие кажување додека седел во угостителски објект на ул.„Цветан Димов“ во Скопје слушнал пукање, а потоа му пришол В.И., со кого се познавал од претходно и му се пожалил на болка во ногата и видел дека крвари, по што го пренел во болница. Од страна на полициски службеници било  разговарано и со В.И. и се преземаат мерки за расчистување на случајот.