Македонија
19. November 2017 - 13:20

Младо момче нападнало полицаец пред кафеана во Крива Паланка

Тепачка пред кафеана во Крива Паланка.

Рано утринава околу 00,30 часот во Крива Паланка на улица „Свети Јоаким Осоговски“, пред угостителски објект при превземање на мерки и активности за контрола на угостителски објекти и проверка на идентитет на лица, полициски службеник од полициската станица Крива Паланка бил физички нападнат од страна на 19 - годишниот  С.Ѓ од село Конопница–Крива Паланка, при што му биле нанесени телесни повреди (во пределот на стомакот и гребнатини на левата рака и устата).

Полицијата соопшти дека С.Ѓ. бил приведен и истиот е задржан во полициска станица по овластување на Јавен обвинител до целосното расчистување на случајот и поднесување на соодветна пријава