Бизнис
3. February 2016 - 19:47

Младите занаетчии имаат добри услови да започнат сопствен бизнис

Младите занаетчии не треба да стравуваат за својата иднина, зашто денес за разлика од пред 10-15 години постојат многу подобри услови за отпочнување на сопствен бизнис.  Претставници од занаетчиските комори од Македонија, Германија и Бугарија се состанаа во Штип, за да пред идните занаетчии ги елаборираат можностите кои им се нудат, затоа што најдобар  темел за економијата се токму малите и средни претпријатија.

-Во последно време се повеќе и повеќе се јавуваат овие млади луѓе, да отворат свој бизнис, кои завршуваат во занаетчиски училишта, а имаме и доста преквалификации, односно лица кои се преквалификуват за да станат занаетчии- изјави Венцо Крстев, претседател на Регионална занаетчиска комора -Штип

Примарен проблем сеуште е не информираноста на младите за бенефитити кои ги стекнуваат како занаетчии и секако надминување на стереотипот дека занаетчиството е непрофитабилно.

-Владата дава помош од 3000 до 5000 евра да започнат соствен бизнис, им дава помош околу книговодствени услуги, им се дава помош околу користење на простор. Значи постојат многу можности, само тие информации треба да допрат до младите –изјави Зоран Трајков, сопственик на фирма за монтажа на сончеви колектори

Трајков додава дека, сеуште како едни од нај доходовните занимања се сметаат: водоинсталатерството, монтажерите на парни системи, сончеви колектори, клима уреди, технички услуги и консалтинг, во кои месечните примања неретко се и над 30 000 денари.