Македонија
9. March 2016 - 16:50

Младите задоволни од мерките кои ги најави Груевски

Младите задоволни од новите 6 мерки кои ќе придонесат за нивна подобра иднина.  Бесплатните ласерски корекции на видот  за студентите, бесплатни леќи за средношколците и студенти од 16 до 26 години стапува на сила од 2017та. УМС на ВМРО ДПМНЕ детално ги објасни придобивките од мерките кои се преточени од нивните барања и се веќе дел од  програмата на партијата.

Спортистите не го криеја своето задоволство од мерката бесплатен лекарски преглед за млади репрезентативци кои до сега беше на нивни товар а го правеа 2 годишно.  

И професионалните музичари добија субвенции. Проектот за финансиска помош  за купување на музички инструменти е уште еден од проектите наменети за млади, најавен е и студентски фестивал. 

Груевски вчера најави и отворање на дополнителни 3 најсовремени читални во Прилеп, Струга и Гевгелија. Со новите 6 последниот период владејачката партија промовираше вкупно 40 мерки за млади,а дел од нив веќе се реазлизираат.