Македонија
25. January 2020 - 16:36

Младите во Македонија и Албанија гласаат помалку од своите врсници во ЕУ

Во три земји членки на Европската Унија: Германија, Италија и Малта, како и во Албанија и Македонија кои не се дел од европското семејство, беше направено истражување кај младите од овие пет земји за излезноста на гласачите во последните 10 години. Истражувањето покажа дека излезноста во Македонија и Албанија е помала во споредба со трите земји членки на ЕУ. Ова истражување беше направено во рамките на проектот „Европа за сите“, дел од програмата Европско граѓанство на Европската комисија.

„За излезеноста во Малта има најголема излезност, околу 70 %, потоа следи Германија со 60%  и Италија со 58 % излезеност на гласачите, додека во Македонија и Албанија имаме големо намалување од околу 40% до 50% на излезеност. Зошто младите не излегуваат и сите граѓани неколку работи наведоа од кои: незаинтересираност за што прави Владата и регуларност при избори, корумпирани влади, незаинтересираност за граѓаните од страна на Владата како и нерегуларности при гласањето. Не само во нашата држава ние мислиме дека владата е корумпирана, овие се податоци добиени од младите сите пет држави“, рече МИЛЧО ДУЛИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СФЕРА ИНТЕРНЕШНЛ.

-Малта е во многу добра позиција во поглед на изборите зашто сме трета држава во Европа по излезност на гласачи. Луѓето во Малта се многу заинтересирани да излезат да видат дека можат да влијаат на донесување на одлуки, изјави АЛЕКС ДАГЛАС БУМБУРА, МАЛТА.

Како резултат на проектот издадена е книга со препораки и мислења која ќе биде испратена до Eвропската Комисија и владите на државите во која препорачуваат како може да се зголеми излезноста на младите на изборите, како да се мотивираат и како да се информираат.