Македонија
26. May 2019 - 19:01

Младите сакаат да студираат астрономија, но не во Македонија туку во странство

Битолските средношколци чиј интерес е астрономијата најчесто заминуваат да студираат во странство, поточно на факултетот во Љубљана, Словенија. Од Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола велат дека децата имаат интерес за астрономијата и затоа државата треба да посвети повеќе внимание на науката.

-На Природно-математичкиот факултет во Скопје има еден дел кој што е за астрофизика, малку студенти имаат. Голем број ученици од Битола, особено од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ кои се интересираат за астрономијата заминаа на студии во Љубљана и се образуваат. Моја ученичка која заврши астрофизика во Љубљана сега е на докторат во Филаделфија, поврзан со астрономијата, да не го заборавиме и Александар Шулевски кој е во Белгија, изјави Мите Ристов, претседател на геосфера Битола. 

Се обидуваат преку разни активности да им го свртат вниманието на младите.

-Почнуваме некои активности заедно со Астрономското друштво од Битола, сакаме да ги промовираме овие активности со постојано набљудување на небото. Веќе за две недели имаме набљудување на Месечината, вели Ристов.

Нивниот план е и да се возобнови идејата од пред неколку години за изградба на мала опсерваторија на Тумбе ка