Ракомет
20. November 2016 - 18:41

Младите ракометарки на Вардар СЦЈС во осминафиналето на Челенџ купот

 
 
– Младите ракометарки на Вардар СЦЈС се пласираа во осминафиналето на Челенџ купот. 
 
Младите вардарки и по втор пат ја совладаа бугарската екипа Свиленград, во рамките 3.коло на ова натпреварување, со што само го потврдија својот пласман во следната рунда. 
 
По убедливиот триумф на гостински терен (24:17), вардарки попладнево пред својата публика славеа победа со 29:22. 
 
Најефикасна во составот на Вардар СЦЈС, воедно и на натпреварот, беше Теодора Керамичиева која постигна 7 голови, додека Сара Митова, Ангела Тодоровска и Симона Стојановска реализираа по три гола.