Македонија
9. September 2018 - 17:37

Младите повеќе да бидат вклучени во носењето одлуки за нивната иднина

Возрасните донесуваат одлуки во име и за сметка на младите, а таквата пракса треба да се искорени. Младите треба да бидат прашани за одредени прашања кои ги засегаат токму нив. На тема „Перспективите на младите од руралната средина за Европа” во Могила се одржа јавна дискусија.

- Што е она што го нуди ЕУ за младите од руралната средина, кои се проблемите кои ги имаат младите во руралната средина, се надевам дека со ваквите дискусии ќе се запознаат со политиките на ЕУ, рече МАРТИН НИКОЛОВСКИ, ИНТЕРАКТИВ БИТОЛА.

Од ЕУ инфо центарот велат дека се потребни повеќе вакви дебати и информативни средби.

- Посебно младите од руралните средини каде што се помал обем овие активности, да ги информираме и да ги поттикнеме да искористат можности кои им се на располагање, рече ЈАНА ПЕТРОВСКА, ЕУ ИНФО ЦЕНТАР.

- Токму на една ваква јавна дискусија во општините, токму така ќе ги запознаат целите на ЕУ, рече ЈАСМИНА ГУЛЕВСКА, ГРАДОНАЧАЛНИК НА МОГИЛА.

Беше истакнато дека  е потребно поголемо вклучување на младите во процесот на донесување на одлуки, а за тоа е потребно локалните самоуправи да ја продлабочат соработката со младите на ова поле.