Македонија
2. October 2024 - 12:28
Младите парови нема да плаќаат комуналии во Кисела Вода
Кисела Вода ги ослободува младите брачни парови, до 40 години, од комуналии доколку сакаат да изградат куќа со една станбена единица. Мерката е од отворен тип и нема краен рок. Предност за добивање на помошта имаат жителите на општината, но ќе можат да конкурираат сите.
Градоначалникот Ѓорѓиевски вели дека мерката е со цел да се задржат младите во земјата.
-->
-->