Бизнис
2. September 2016 - 19:42

Младите не сакаат стручни училишта, на пазарот фалат работници на многу занимања

Монтери, бравари, стаклари, водоинсталатори , ѕидари се само дел од професиите кои се барани на пазарот на труд. Во моментов не може да се најде невработен  ракувач со градежни машини  ,  оџачар, или  пак текстилен работник.  Проблемот, според експерите , се ниските плати за овие занимања. Младите не сакаат да го насочат своето образование кон  оние професии каде се исплаќа  минималната плата.

- Ако ги погледнете одласите на страната на Агенцијата за вработување, во 95% од нив  работовачот ја нуди минималната плата од 10,080 денари, односно минималната плата. Затоа младите не сакаат да се запишат во средните стручни школи каде се учат овие професии, изјави Ненад  Ненадич ,  од Агенција за посредување при вработување Партнер

Ненадич се сомнева и во веродостојноста на стапката на невработеност. Затоа бара јасно разграничување што значи невработен, а што лице кое не е во работен однос, а  самостајно извршува некоја дејност и за тоа добива надомест

- Не може лице кое има земја и одгледува некоја култура , при тоа ја продава и зема надомест за тоа, да се води во Агенцијата за вработување како невработен. Или пак лице кое има сточен фонд, ги одгледува, ги продава, зема надомест , а не плаќа никакви придонеси кон државата, затоа што се води како невработено. Проблемот е во сеуште високата стапка на сива економија, додава Ненадич.

Државниот завод за стартистика денеска објави дека во вториот квартал  стапката на слободни работни места изнесува 1,38%, односно се бараат работници за над 6,600 работни места.  Најмногу кадар недостасува за  услужните дејности,  продажбата  и преработувачката индустрија.