Ракомет
22. July 2017 - 18:06

Младите македонски ракометари поразени од Тунис на СП во Алжир

Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на Светското првенство за играчи до 21 година кое се одржува во Алжир. 
 
По двете победи на стартот на шампионатот, младите македонски ракометари денеска се поразени од нивните врсниците од Туснис со 32:27 полувреме 13:17.
 
Во првите 17.минути од средбата се играше гол за го, а резултатот беше израмнет 9:9, по што Тунижаните направија серија од 6:0 и во 25.минута поведоа со највисоки 15:9. До крајот на првиот дел нашите ракометари успеаја да намалат на четири негатива 13:17.
 
Во вториот дел црвено-жолтите се доближија на гол негатива 22:21 во 42.минута, но немаа сили да направат и комплетен резултатски пресврт па на крајот неизбежен беше поразот од 32:27.
 
Во другите два натпревари од 3.коло на Ц група кои беа одиграни претходно Бразил – Русија 20:23 и  Шпанија - Букина Фасо 38:12.
 
И покрај поразот Македонија останува во трка за едно од првите четири места на табелата, кои носат пласман во осминафиналната рунда.  
 
Утре се слободен ден во оваа група, во која средбите од 4.коло ќе се играат во недела, а двојките се: Тунис – Русија (од 15 часот), Македонија – Шпанија (19 часот) и Бразил – Буркина Фасо (21 часот).