Ракомет
1. August 2016 - 9:20

Младите македонски ракометари ќе разигруваат од 9 до 16 место на ЕП

 Младата машка репрезентација на Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место на Европското првенство за ракометари до 20 години, што се одржува во Данска. 
 
Избраниците на селекторот Александар Јовиќ со трите порази (од Норвешка 27-24, Данска 23-18 и Холандија 33-30) во првата фаза завршија како четврто пласирани во Ц групата. 
 
Така црвено-жолтите заедно со селекцијата на Холандија која беше трето рангирана ќе вкрстат со трето и четврто пласираните репрезентации од Д групата, Унгарија и Шведска во вториот круг од шампионатот односно натпреварите за пласман од 9 до 16 место. 
 
Денеска е слободен ден на првенството, а утре македонските младинци ќе играат против Шведска , додека во среда противник ќе им биде селекцијата на Унгарија.