-->
-->
Младите македонски кошаркарки поразени од Израел
-->
Младата кадетска репрезентација на Македонија за кошаркарки до 16 години го запиша првиот пораз на домашен терен во рамки на подготвителниот период.
Избраничките на Стојна Вангеловска ги одмерија силите против кошаркарките од Израел, а беа доминантни на паркетот во првиот дел од натпреварот, но брзата транзиција на противникот беше најголем непријател на овој натпревар. Во финишот, Израел славеше со 63:71 по четвртини 16-16, 18-17, 13-15, 16-23.
Со по 20 постигнати поени Николиќ и Митрева беа двете најефикасни кошаркарки во нашата репрезентација.
Вечерва повторно во малата сала на СРЦ „Кале“ со почеток од 20 часот, овие две селекции ќе одиграат уште еден меч.
Утре, Израелките ќе играат против Бугарија, а во понеделник турнирот ќе биде заокружен со дуелот Македонија – Бугарија.
Овие пријателски натпревари се дел од подготовките за Европското првенство (Дивизија Б) кое од 17 до 26 август ќе се одржува во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица