Кошарка
12. July 2018 - 11:10

Младите македонски кошаркари отпатуваа за Бугарија на ЕП

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години утрово отпатува за Софија каде од утре го започнува својот настап на Европското првенство (дивизија Б).
 
Црвено-жолтите ќе играат во А групата, во која за противници ќе ги имаат: Летонија, Азербејџан, Белгија и со Белорусија.
 
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ,
13. јули (петок - 20:30 часот)
Летонија - МАКЕДОНИЈА
 
15. јули (недела - 18:15)
МАКЕДОНИЈА - Белгија
 
17. јули (вторник - 16:00)
Азербејџан - МАКЕДОНИЈА
 
18. јули (среда - 20:30)
МАКЕДОНИЈА - Белорусија
 
Селекторот Никола Василев на овој шампионатот ги поведе: Миле Станимировиќ, Константин Мартиноски, Елвис Хот, Никола Кицев, Дамјан Крстевски, Петар Огњеновиќ, Петар Прентовиќ, Виктор Ефремовски, Павле Михајлоски, Ранко Мамузиќ, Леонид Тодоровски и Томислав Петров.
 
Првопласираните две селекции од секоја од четирите групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, додека трите најдобро рангирани на шампионатот ќе се изборат за место во А дивизијата