Loading Video...
Кошарка
20. July 2018 - 14:56

Младите македонски кошаркари очекувано ја победија Албанија

 
 
Младата македонска кошаркарска репрезентација ја оствари првата победа во разигрува за пласман од 9 до 16 место во Б дивизијата на Европскиот шампионат за играчи до 20 години, што се одржува во Софија. 
 
Откако групната фаза ја завршија како трето рангирани, избраниците на селекторот Никола Василев, попладнево го одиграат првиот меч во разигрувањето за пласман, во кој очекувано славеа победа на селекцијата на Албанија.
 
По добрата првата четвртина и лошата игра во наредните две, иако противникот на стартот на последниот период имаше нерешен резултат (54-54), сепак црвено-жолтите не дозволија изненадување. Ја добија четвртината со 23-15, за на крајот да ја остварат третата победа во низа на првенството со конечни 77:69
 
Виктор Ефремовски со 20 и Ранко Мамузиќ со 17 поени беа најефикасните македонски играчи на овој меч. 
 
Следен противник на нашата селекција во дуелот за пласман во 9 до 12 место ќе биде победникот од мечот меѓу Грузија и Унгарија, против кој ќе играат утре со почеток од  17 часот и 15 минути.