Loading Video...
Кошарка
18. July 2019 - 15:28

Младите македонски кошаркари ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место

 
 
Машката кошаркарска селекција до 20 години денеска има ден одмор на ЕП во Португалија
 
Со трите убедливи порази од Белгија, Португалија и Словачка и само една победа над Луксембург, младата македонска кошаркарска репрезентација на Македонија го освои петтото место во Д групата на Европскиот шампионат за играчи до 20 години (Б дивизија) што се одржува во Португалија. 
 
Така избраниците на селекторот Дарко Радуловиќ во наредните три дена ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.
 
По денешниот слободен ден, црвен-жолтите утре во вечерниот термин од 20 часот и 45 минути ќе играат против селекцијата на Естонија 
 
Доколку успеат да ги минат Естонците, нашите младинци ќе со победникот од дуелот меѓу Финска и Унгарија за пласман од 9 до 12 место, во спротивно пораз ќе значи натпревар си послабиот од веќе споменатиот дуел, но за пласман од 13 до 16 место.