Кошарка
22. July 2017 - 18:45

Младите македонски кошаркари ја совладаа Белорусија

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија славеше победа над соодветната селекција на Белорусија во натпреварот од разигрување за пласман од 13 до 16 место на Европското првенство (Дивизија Б) што се одржува во Ородеа, Романија. 

Избраниците на Мирко Петрески иако лошо го одиграа првото полувреме кое го загубија со 11 поени разлика (36-25), сепак со третата четвртина црвено-жолтите ја направија разликата откако периодот го добија со 21-6, за на крајот да забележат победа со конечни 62:58. 
 
Андреј Маслинко средбата ја заврши со 14 поени и 8 скокови, додека на Дамјан Робев кој имаше 11 поени му недостасуваше само еден скок да има дабл-дабл учинок (9 скокови). Виктор Ефремовски со 10 поени беше третиот македонски играч кој дуелот го заврши со двоцифрен број на постигнати поени. 
 
На последниот ден од шампионатот (утре) нашите младинци ќе играат против Албанија за пласман на 13 место.