Loading Video...
Фудбал
4. September 2020 - 8:08

Младите македонски фудбалери пропуштија шанса за добар резултат против Шпанија

 
 
Младата репрезентација на Македонија е минимално поразена од Шпанија со 1-0 во квалификацискиот натпревар за Европскто првенство за фудбалери до 21 година.  
 
Иако избраниците на селекторот Милевски одиграа добар натпревар во кој не моменти беа и подобри од фаворизираниот противник сепак не успеаја со позитивен резултат да го завршат мечот. 
 
Единствениот гол на натпреварот Шпанците го постигнаа од пенал во 83 минута, откако Серафимов направи прекршок во шеснаесетникот, а егзекутор на најстрогата казна беше Хуго Дуро. 
 
Само пет минути подоцна (88) и црвено-жолтите имаа шанса на ист начин да постигнат гол. Сепак, ударот на Димитар Митровски од белата точка гостинскиот голман го одбрани, па Шпанците се радуваа на победата со која се зацврстија на врвот на табелата со 13 бодови. 
 
Македонија остана на 7 бодови едн помалку од Израел, а исто како и Казахстан и Црна Гора, додека селекцијата на Фарските Острови која е нашиот следен противник веќе во вторник (8 септември) е на последното место со 3 бода.