Loading Video...
Фудбал
17. November 2020 - 15:30

Младите македонски фудбалери ја победија Црна Гора и како втори ги завршија квалификациите за ЕП

Со победа над Црна Гора младата македонска фудбалска репрезентација го заврши циклусот на квалифкации за ЕП за играчи до 21 година. 
 
Македонија ја победи Црна Гора со 2:1 и заврши како второ рангирана во својата група, зад фаворитот Шпанија, во младинските квалификации за европскиот шампионат што ќе се одржи догодина. 
 
Пред почетокот на натпреварот  имаше едноминутно молчење на стадионот во чест на денеска починатиот Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешниот претседател на ФФМ, под чие водство Македонија стана дел од Светската и Европската фудбалска федерација.
 
Што се однесува до натпреварот. Стрелци на головите за нашата репрезентација беа Марко Ѓорѓиевски во 13-тата и Бојан Миовски во 77.минута од пенал, додека голот за гостите го постигна  Крстовиќ на четири минути пред крајот. 
 
Иако завршивме на второто место со вкупно 18 освоени бодови, сепак во трката за петте места на најдобите второрангирани селекции од седумте групи, Македонија имаше најслаб ранкинг, па не успеја по втор пат во историјата да обезбеди пласман на завршницата на ЕП. 
 
Но. И оваа генерација предводена од селекторот Благоја Милевски потврди дека има голем потенцијал и дека во иднина и од овие млади фудбалери може да очекуваме успешни настапи и резултати па дури и во сениорската конкуренција, как што тоа прочем беше случај и со генерацијата на Елмас, Барди и останатите кои по пласманот на европското младинско првенство, сега и со сениорите се изборија за настап на континенталниот шампионат.