Македонија
21. October 2019 - 20:41

Младите лекари и сестри конечно добија согласност за вработување од Министерството за финансии

По повеќе од еден месец чекање младите лекари и сестри добија согласност од министерството за финансии за вработување во Брза помош, вакциналните пунктови и патронажната служба. Од денеска 53 доктори и 240 медицински сестри кои летово се јавија на огласот на министерството за здравство ќе добијат ангажиран во Здравствените домови низ државата.  Целта според надлежните со законските измени за задолжителен платен стаж од 6 месеци за завршените студенти по медицина кои добиле лиценца од Лекарската комора е да се задржи младиот кадар во земјава.

-На добар дел од оние лекари кои се јавија на огласот не им е услов стажот да се запишат на специјализација, дел се завршени од порано, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

На забелешките на дел од фелата дека со ангажманот на неискусни лекари нема да се реши проблемот со недостигот на кадар во Службите за Брза помош и вакцинација, министерот Филипче вели дека мерката е планирана како стаж, а младите лекари ќе бидат мотивирани со просечна специјалистичка плата.

-За време на овој платен стаж ќе бидат покриени и ќе работат под супервизија на искусните лекари кои веќе работат токму во Брза помош, додаде д-р Филипче.

Филипче очекува и други лекари да се јавуваат на огласите за ангажман во примарното здравство. Но, од друга страна половина од околу 300 завршени медицинари кои годишно полагаат стручен испит во Комората иднината ја гледаат во странство.